Маморен колач со тиква и чоколадо: Сочен десерт кој ќе го правите цела есен! Пирето од тиква го прави колачот неверојатно сочен

ЕСЕНСКИ ДЕСЕРТ ШТО ЌЕ ВЕ ОСВОИ НА ПРВ ЗАЛАК

Пирето од тиква го прави колачот неверојатно сочен, а темното чоколадо му дава совршена богата арома.

Есента е во полн ек, а со неа пристигнува и сезоната на тиквата. Ако барате десерт кој ги спојува богатите есенски вкусови, овој маморен колач со тиква и чоколадо е одличен избор. Пирето од тиква му дава сочност и ароматичност, додека чоколадото создава неодолив контраст.

За подготовка:

 240 грама брашно, 120 грама шеќер, една лажичка сода бикарбона, половина лажичка сол, 50 грама путер, 150 грама пире од тиква, едно јајце, 80 грама јогурт и 80 грама сечкано темно чоколадо. Најпрво загрејте ја рерната на 175 степени и лесно подмачкајте калап за леб со димензии 20 на 10 сантиметри.

Измешајте ги брашното, содата и солта. Во друг сад изматете ги путерот и шеќерот, па додадете ги пирето од тиква, јајцето и јогуртот. Постепено додавајте ја смесата со брашно и мешајте додека не добиете хомогено тесто. Растопете го чоколадото, оставете го кратко да се излади, а потоа во него вмешајте шест до осум лажици од смесата со тиква.

Во калапот наизменично ставајте од светлата и чоколадната смеса. Со врвот на ножот нежно поминете низ тестото со кружни движења за да создадете маморен изглед. Печете околу 75 минути на 175 степени, а со чепкалка проверете дали е готов. Оставете го десет минути во калапот, потоа извадете го и целосно изладете го пред сечење.

pexels

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе