Магичен вкус: Со овој десерт саканиот ќе биде ваш… засекогаш!

Пробајте и ќе се уверите!

Уживајте во свежите сливи во комбинација со вкусното тесто.

Дали можете да замислите домот да ви мириса на свежи сливи и цимет? Ако го пробате овој прекрасен колач, можете да уживате во вкусовите и мирисите..

Состојки за тесто:

380 г брашно

150 г путер на собна температура

150 г шеќер

1 јајце

Состојки за фил:

700 г слики

1 лажица цимет

1 ванилин шеќер

2 лажици шеќер

Приготвување:

Сливите ги миете, чистите, сечете ги на парчиња, па ги додавате преостанатите состојки за филот, и добро мешате. Помешајте ги сите состојки за тесто, па матете додека смесата стане компактна.

Калапот премачкајте го со путер или маргарин, па обложете го убаво со половина од тестото и со приготвениот фил, кој убаво ќе го распоредите врз тестото и потоа ќе поклопите со другата половина од тестото.

Печете на загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.