Лудо тесто за брзи мини-крофнички од само две состојки!

Мора да ги пробате

Божествени воздушести топчиња

Во текот на карантинот, најмногу се потпревме на готвењето како најинтересна активност и собравме бројни одлични рецепти овој период.

Еден од нив е и рецептот што настанал од чиста досада и вклучува само две состојки, а станува збор за приготвување мини-крофнички, залчиња што сите ги обожаваме.

Жената што го измислила рецептот го споделила своето искуство на Твитер, а многумина решиле веднаш да го испробаат.

Состојки:
  • 140 г брашно
  • 190 мл јогурт

Напомена: Жената во рецептот користела таканаречено самонараснувачко брашно, кое го нема кај нас на пазарот, но ист ефект ќе добиете ако во обично брашно додадете лажиче прашок за печиво.

https://twitter.com/sixtieshairdo/status/1257537784459354112

Приготвување:

Измешајте ги брашното и јогуртот, направете топчиња и пржете ги во масло.

Готовите крофнички посипете ги со шеќер, прелејте ги со чоколадо, шарени трошки или послужете ги со солени прилози по желба.

Пијани крофни: Однатре шупливи, однадвор крцкави – секому му успеваат со оваа тајна состојка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.