Лесен и вкусен колач со јогурт: Пробајте го ова слатко задоволство!

Десерт за паметење

Одличен колач за целото семејство

Состојки:

За корите:

  • 500 мл млеко
  • 250 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици џем по желба
  • 2 лажици какао
  • 20 г ванилин шеќер
  • 1,5 лажиче сода бикарбона

За филот:

  • 500 мл слатка павлака
  • 150 г шеќер во прав
  • 500 г овошен јогурт
  • 20 г желатин

Приготвување:

1. Прво се приготвува кората. Во сад се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, содата бикарбона и какаото, се додаваат маслото, шеќерот и џемот, па се налева млекото и се промешува со жица. Смесата се дели на 2 еднакви дела.

2. Плех со димензија 23 х 32 см се обложува со хартија за печење и во него се става еден дел од приготвената смеса. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 10 минути. На истиот начин, од преостанатата смеса се пече уште една кора. Се оставаат да се оладат.

3. За приготвување на филот, слатката павлака се мати во шлаг, се додаваат шеќерот во прав и овошниот јогурт. Желатинот се прелева со 4 лажици ладна вода и се остава да набабри. Потоа се топи на умерена температура, па се додава во филот и се мати со миксер.

4. Едната кора се премачкува со филот и се преклопува со другата кора. Колачот се остава во фрижидер добро да се олади.

Извор: Добра храна

Шах-ролат: Воздушест и кремаст колач за сите вкусови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.