Ледени коцки што не се печат и што содржат само 100 калории!

Популарен десерт за оние што внимаваат на линијата

Овој протеински десерт и вистинско откритие!

Состојки:
  • 500 г немасно сирење
  • екстракт од ванила
  • 500 мл протеинско млеко од ванила
  • засладувач
  • 75 г лешници
  • 30 г желатин
  • 100 мл вода
  • кокосово масло
  • 350 г вишни
Приготвување:

Измешајте сирење, ванилин екстракт, протеинско млеко од ванила, засладувач по вкус и по желба, мелени лешници. Ставете желатин во вода и почекајте 15 минути да набабри.

Во намрсен плех со кокосово масло ставете ги вишните. Растопете го набабрениот желатин на тивок оган. Додајте малку протеинско млеко, помешајте го желатинот со смесата, па сипете ја врз вишните.

Оставете ја да се лади во фрижидер околу 90 минути и исечете ја на коцки. Одозгора ставете вишни, малку цимет и уживајте во коцките кои содржат само 100 калории!

Семифредо: Леден италијански десерт што остава без зборови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.