Кремлива торта од чоколадо: Старински класик со само 2 јајца – многу е сочна и вкусна!

Пробајте!

Ви предлагаме рецепт за најкремливата и најсочната чоколадна торта што ќе ве освои

Оваа торта се приготвува од само две јајца, бидејќи толку е доволно за да се приготви совршениот пандишпан. Многу едноставно се приготвува, а домаќинките ја правеле кога немале многу време, а сакале да им понудат фантастичен вкус на гостите.

Состојки:

За пандишпанот:

  • 2 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 1 лажица масло
  • 12 лажици млеко
  • 13 лажици брашно
  • 1/2 прашок за печиво

За филот:

  • 1 л млеко
  • 15 лажици шеќер
  • 250 г маргарин
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 200 г мелени ореви

За глазурата:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 2-3 лажици масло
  • 1 лажица кисела павлака
Приготвување:

Добро изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте млеко, масло, брашно помешано со прашок за печиво и какао. Матете додека добиете изедначена смеса. Префрлете ја во намрсено и набрашнето подлабоко тенџере. Печете ја на 220 степени околу 25 минути, во зависност од рерната. Испечете две кори и оставете ги да се оладат.

За филот, ставете го млекото да се вари 15 минути со шеќерот. Додајте маргарин, чоколадо и мелени ореви и загревајте уште 15-20 минути додека смесата стане малку погуста од онаа за палачинки. Оставете го филот да се олади десетина минути.

Измијте го тенџерето во кое се печеле корите. Ставете го првиот дел од кората во тенџерето, така што печениот дел ќе биде свртен кон дното на тенџерето. Поделете го филот на околу три дела. Внимателно сипете го преку првата кора со голема лажица. Ставете го вториот дел од кората и повторно сипете од филот одозгора, внимателно притискајќи. И третиот дел од кората прелејте го со третиот дел од филот. Ставете ја и четвртата кора одозгора, така што сега печениот дел од кората ќе биде на дното. Лесно притиснете со прстите за да се распредели филот убаво. Оставете ја во фрижидер 4-5 часа за да се стегне филот, а може да ја оставите и прекуноќ. Со нож внимателно одвојте ја тортата од страните на тенџерето и превртете ја на чинија.

Стопете чоколадо со масло, додајте павлака и добро измешајте. Прелејте ја глазурата преку тортата и декорирајте ја по желба.

Прогласена е за највкусната чоколадна торта на светот: Кралицата на сите десерти се прави лесно, а вкусот вечно се памети!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.