Кремаст десерт од карамела: Не ви треба ни миксер ни рерна, се приготвува за миг, а вкусот е нереален!

Мора да го пробате!

Прекрасен кремаст десерт во кој ќе се вљубите

Испробајте нов десерт и уживајте во кремастите залачиња со вкус на карамела.

Состојки:
  • 100 г путер
  • 120 г пченично брашно
  • 1 л млеко
  • 170 г шеќер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 300 мл вода
Приготвување:

Во подлабок сад ставете го путерот, па ставете го на оган да се стопи. Потоа, во стопениот путер додајте брашно, па добро измешајте, а потоа додајте цел литар млеко, но постепено и со мешање. Гответе на тивок оган, а потоа додајте 80 г шеќер, па повторно измешајте и додајте екстракт од ванила. Загревајте додека кремот стане погуст, како пудинг, а потоа оставете го да се олади, па сипете го во калап или сад.

Оставете го да се олади уште половина час, а во меѓувреме пригответе го преливот. Во помал сад измешајте пченкарен скроб и 200 мл вода, па добро измешајте за да исчезнат грутките.

Во тавче сипете 90 г шеќер и ставете го на тивок оган да се стопи. Кога ќе добие златна боја, во шеќерот сипете 100 мл вода, измешајте и во тоа додајте ја мешавината од пченкарен скроб и вода што сте ја приготвиле претходно. Повторно измешајте го сето тоа и ставете го на оган додека преливот од карамела стане погуст.

Сипете го преливот врз кремастиот десерт, распоредете го по целата површина и оставете го во фрижидер да се олади околу 30 минути.

Нема да можете да изедете само едно: Овие колачиња со карамела се полн погодок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.