Крем-колач од банана: Брз летен десерт што не се пече

Мек, пенест, совршен

Ќе уживате во феноменалниот вкус

Состојки:
  • 500 мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 80 г шеќер
  • 6 листови желатин
  • 300 мл слатка павлака
  • 4-5 банани
  • 200-250 г бисквити
  • 2 лажици мармалад од јагоди
  • 2 лажици вода
  • 80-100 г чоколадни трошки или рендано чоколадо

За глазурата

  • 100 мл слатка павлака
  • 100 г чоколадо за готвење
Приготвување:

Потопете го желатинот во вода за да омекне. Во млекото ставете шеќер и прав од пудинг, па сварете го. Во врелиот пудинг додајте желатин (прво исцедете го малку со рака), соединете го и оставете го да се олади. Повремено промешувајте го за да не се направат корички.

Потопете ги бисквитите во млеко или сок, па наредете еден ред во плех обложен со хартија за печење. Во тенџере измешајте две лажици вода и две лажици мармалад, па ставете го тоа да се загрее на рингла.

Врз бисквитите премачкајте третина од стопениот мармалад. Повторете ја постапката уште два пати – треба да има вкупно три реда бисквити премачкани со мармалад.

Изматете ладна слатка павлака, па постепено додавајте и’ изладен пудинг и матете за да се соедини убаво. Одвојте на страна осум полни лажици од измешаниот фил и промешајте ги со чоколадни трошки, па со две-три лажици направете тенок слој врз бисквитите. Излупете банани и наредете ги одозгора, а нив премачкајте ги со остатокот од филот со чоколадни трошки. Израмнете, па врз тоа прелејте ја изматената слатка павлака со пудинг.

Стваете го колачот да се лади еден час во фрижидер, па околу 30 минути во замрзнувач. Додека колачот е во замрзнувач, во тенџере сипете 100 милилитри слатка павлака и здробете 100 грама чоколадо за готвење. Стопете го на рингла, но внимавајте да не зоврие. Тргнете го и оставете го да отстои 2-3 минути, па прелејте го колачот.

Вратете го во замрзнувач уште половина час за да се зацврсти глазурата, па префрлете го во фрижидер. Уживајте во феноменалниот вкус!

ФОТО: Printscreen Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.