Кралски коцки со освежувачки крем: Мора да го пробате овој брз десерт

Ќе ги обожавате!

Подготовката е едноставна, а десертот воодушевува со својот вкус

Потребни состојки:

За тестото

  • 9 белки
  • 200 грама печени лешници
  • 4 лажици брашно
  • пола кесичка прашок за печиво
  • 9 лажици шеќер

За кремот

  • 9 жолчки
  • 200 грама шеќер
  • 2 лажици какао во прав
  • 100 грама млечно чоколадо
  • 250 грама путер
  • 2-3 лажици шеќер во прав
  • шлаг за декорација
Начин на подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот. Кога ќе добиете цврст снег, измешајте го со сечканите печени лешници – може и да ги изблендирате во зависност од тоа дали сакате да бидат покрупни или поситни. На крајот, додајте брашно и прашок за печиво, измешајте и печете ја кората на 180 степени додека не зарумени.

Ставете ги жолчките, шеќерот, чоколадото и какаото да се топат и загреваат на пареа, па кога смесата ќе се згусне, оставете ја да се излади. Изматете го путерот со шеќерот во прав, па внимателно додајте го изладениот крем. Матете го кремот додека не добиете соединета смеса.

Распоредете го целиот крем врз печените кори, а озгора украсете ги со изматениот шлаг и ставете декорација по желба. Уживајте во освежувачките кралски коцки!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време