Едноставен рецепт за вкусен десерт
Состојки:
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- прстофат сол
- 180 г цврст јогурт
- 220 г кисела павлака
- 160 г безглутенско брашно
- 5 г прашок за печиво
- 300 г свежи смокви
- 2 лажици мед
Приготвување:
- Во сад изматете јајца, шеќер и прстофат сол, па додајте јогурт и павлака и потоа промешајте.
- Потоа, измешајте ги сувите состојки – брашното и прашокот за печиво.
- Садот за печење внимателно премачкајте го со путер или со масло, па сипете ја смесата.
- Исечкајте ги смоквите и рамномерно наредете ги врз смесата.
- Печете ги во рерна на 180 степени Целзиусови, околу 25 минути.