Колач со кафе и ореви: Десерт на кој никој не може да му одолее!

Пробајте!

Стар десерт што се приготвува брзо и лесно, а вкусот е совршен

Состојки:
  • 2 јајца
  • 140 г мазно брашно
  • 100 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажици какао
  • 100 мл масло
  • 120 мл млеко

За кремот од кафе:

  • 1 л млеко
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 6 лажици густин (околу 70 г)
  • 150 г шеќер
  • 2-3 лажици инстант-кафе (во гранули)
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 г путер

За чоколадната-јаткаста глазура:

  • 300 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 4 лажици густин
  • 60-70 г мелени ореви
  • 1 лажица путер
Приготвување:

Во сад матете јајца со шеќер и ванилин шеќер додека добиете светла и пенеста смеса. Додајте млеко и масло, па внимателно додајте брашно, какао и прашок за печиво. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете 20-25 минути на 180 степени. Оставете ја печената кора потполно да се олади.

За кремот, одвојте околу 200 мл млеко и во та количина разматете пудинг и густин. Остатокот од млекото ставете го на шпорет, додајте шеќер, ванилин шеќер и инстант-кафе, па загревајте до вриење. Кога ќе зоврие, додајте ја смесата со пудингот и варете со постојано мешање додека добиете густ, мазен крем. На крај, додајте го путерот.

Пригответе ја глазурата така што во тенџере на тивок оган ќе измешате млеко, шеќер, какао и густин и ќе ги загревате додека добиете сјајна, густа смеса. Потоа, тргнете ја од оган, додајте мелени ореви и путер, па сето тоа добро измешајте го.

На оладената кора распоредете го топлиот крем од кафе и израмнете. Потоа, преку кремот, премачкајте чоколадно-јаткаста глазура. Оставете го колачот неколку часа во фрижидер убаво да се стегне, па пресечете го на коцки и послужете го.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе