Колач што Италијанките го приготвуваат за мажот кого сакаат да го заведат: Тороне е крцкаво задоволство без мана!

Неодолив десерт

Тороне е италијански десерт со интересно минато

Италијанците тврдат дека ова е изворно нивен рецепт и дека настанал во далечната 1441 година, во чест на венчавката на Бјанка Марија Висконти и Франческо Сфорца. Овој десерт, што личи на карамел-бонбони, е вистински специјалитет што секоја Италијанка знае да го направи, а сите го обожаваат.

Состојки:
  • 350 г кафеав шеќер
  • 450 г мед
  • 1 дл вода
  • 1 лажица глукоза
  • 2 белки
  • околу 500 г бадеми, ф’стаци, лешници или други јаткасти плодови.
Приготвување:

Во тенџере со подебело дно измешајте мед, кафеав шеќер, вода и глукоза. Загревајте на потивок оган додека постигнете температура од околу 140 степени.

Во поголем сад изматете ги белките со прстофат сол за да добиете цврст снег. Непрекинато мешајќи, сипете врел карамел и измешајте. Мешајте непрекинато додека карамелот се олади, околу 10 минути, најдобро со миксер.

Кога смесата ќе се олади малку, додајте во неа сечкани и претходно малку потпечени бадеми (или јаткасти плодови по ваш избор).

Смесата од белките соединете ја со бадемите и истресете ја на набрашнета хартија за печење. Обликувајте ја смесата со раце во форма на правоаголници и оставете ги да се сушат прекуноќ.

Пресечете ги на парчиња и послужете ги.

Прогласена е за највкусната чоколадна торта на светот: Кралицата на сите десерти се прави лесно, а вкусот вечно се памети!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.