Колач од кокос со чоколадна глазура: Сочен и мек десерт што се топи во уста

Совршен десерт

Бисквитот е мек, а филот е превкусен

Состојки:

За бисквитот:

  • 2 јајца
  • прстофат сол
  • 7 лажици шеќер
  • 100 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 200 г брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажици какао

За филот:

  • 1 л млеко
  • 7 лажици гриз
  • 5 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 г кокос
Приготвување на филот:
  • Најпрво, ставете литар млеко да зоврие.
  • Кога ќе зоврие, додајте седум лажици гриз, па промешајте.
  • Додајте 2 кесички ванилин шеќер и шеќер.
  • Загревајте на ниска температура 2-3 минути, а потоа додајте 200 г кокос, а потоа убаво промешајте.
  • Оставете го филот да се олади.
Приготвување на бисквитот:
  • Во јајцата додајте шеќер, па добро изматете со миксер.
  • Додајте ги и преостанатите состојки, најпрво масло, потоа млеко, брашно и прашок за печиво, а на самиот крај додајте какао.
  • Промешајте, а потоа ставете ја смесата во плех да се пече.
  • Кога ќе се испече бисквитот, филувајте го колачот.
  • Одозгора растопете стопено чоколадо за готвење.
  • Оставете го да се олади и послужете.
Чоколаден колач од тавче: Готов за 10 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.