Колач Габриела: Десерт во кој ќе уживате!

Пробајте!

Крцкавите кори и вкусниот крем се секогаш совршена комбинација

Потребни состојки:

За корите

  • 5 белки
  • 250 грама шеќер
  • 100 грама мелени ореви
  • 1 лажица презла

За кремот

  • 5 жолчки
  • 150 грама шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 250 милилитри млеко
  • 1 лажичка ванила
  • 250 грама путер или маргарин
Приготвување:

Корите: Пенесто изматете ги белките, додајте шеќер и на крај оревите и презлата,, па измешајте со лажица. Обложете плех со хартија за печење, па на него распоредете ја смесата.

Печете на 180 степени околу 40 минути.

Кремот: Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ванила, брашно и млеко и ставете ја смесата да се загрева додека не згусне. Додајте путер во изладениот крем.

Пресечете ја кората на два дела, па еден од нив ставете го во плех. Премачкајте го со крем, поклопете го со другата кора и оставете го добро да се излади.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.