Кнедли со сливи без компири: Најлесниот рецепт за познатиот традиционален десерт!

Лесно се приготвува

Пробајте го овој нов начин на приготвување

Состојки:
  • 1/2 литар млеко
  • 250 г гриз
  • остро брашно, по потреба
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1 пакување презла или препечени лебни трошки, ако имате стар леб
  • сливи
  • 1/2 прашок за печиво
  • малку масло за готвење
Приготвување:

Сварете го гризот во млекото што претходно сте го засладиле со лажица шеќер. Оставете го гризот да се олади, а потоа додајте јајце и брашно, колку да биде компактно тестото за валање и да не се лепи, заедно со прашок за печиво.

Посипете работна површина со брашно, а потоа смесата од тесто завиткајте ја во ролна. Сечете ја ролната од тесто на парчиња од околу 5 см и правете кругови од нив. Во средина на секој круг ставете половина или цела слива, како сакате, па затворете ги во топче, односно во кнедла.

Ставете вода да зоврие и во неа сипете малку масло. Кога водата ќе почне да врие, ставете ги кнедлите и штом ќе испливаат на површина, оставете ги 5 минути да вријат.

Пропржете лебни трошки, па готовите кнедли, штом ги извадите од вода, извалајте ги во нив. Одозгора можете да ги наросите со кристален шеќер и така да ги послужите.

Домашни кнедли со јаболка: Им се враќаме на десертите од нашето детство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.