Киселото млеко му дава неверојатна мекост: Пробајте го највкусниот колач со вишни

Вкус од детството

По стариот добар рецепт на баба

Потребни состојки:
  • 3 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 200 грама вишни
  • 200 милилитри кисело млеко
  • 50 милилитри масло
  • 200 грама брашно
  • 100 грама гриз
  • половина кесичка прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • шеќер во прав за наросување
Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте брашно, гриз и прашок за печиво, па измешајте го и киселото млеко. Додајте масло и сето тоа добро соединете го.

На дното на плехот, обложено со хартија за печење, распоредете една третина вишни, па прелијте ги со една третина од тестото. Повторете ја постапката за останатите две третини вишни и тесто.

Печете го колачот на 200 степени 35-40 минути. Топлиот колач наросете го со шеќер во прав, кој претходно сте го измешале со кесичка ванилин шеќер.

Уживајте во миризливиот, мек колач со вишни!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.