Како да го приготвите најсовршеното трилече?

Десерт за паметење

Рецептот за ова трилече ќе ве остави без зборови

Состојки:

За кората

  • 175 г брашно
  • 100 г путер
  • 125 г шеќер
  • 5 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • прстофат сол

За млечниот прелив

  • 250 мл кондензирано млеко
  • 250 мл слатка павлака
  • 250 мл млеко

За карамел-преливот

  • 200 г шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 20 г путер
  • прстофат сол
Приготвување:

1. За приготвување на кората пенесто измешајте го путерот со шеќерот, па додајте ги јајцата и екстрактот од ванила уште малку матете со миксер, да се поврзат состојките.

2. Посебно помешајте ги брашното, прашокот за печиво и малку сол, па додајте ги во изматената смеса и матете со миксер.

3. Сипете ја смесата во намрсена и набрашнета тепсија и печете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови додека не порумени.

4. Посебно пригответе го млечниот прелив. Помешајте ја слатката павлака со кондензираното и со другото млеко. Прелејте ја преку оладената кора и оставете ја во фрижидер прекуноќ.

5. За приготвување на карамел-преливот растопете го шеќерот на средна температура, па тргнете го шпоретот, додајте го путерот и промешајте. Вратете го на шпоретот, па сипете ја врелата слатка павлака и додајте прстофат сол. Промешајте и варете на средна температура додека се растопи карамелот.

6. Натопениот бисквит прелејте го со карамелот.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.