Југословенски колач: Десерт што ќе ве врати во детството

Ќе ве освои на прво залче!

Десерт што стана популарен во 70-тите години

Потребни состојки:

За кората

  • 4 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 200 грама брашно
  • 100 милилитри масло
  • 100 милилитри вода
  • прашок за печиво

За филот

  • 1 литар вода
  • 1 килограм јаболка
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 100 грама шеќер

За украсување

  • 500 милилитри слатка павлака или шлаг
Приготвување:

Изматете белки и шеќер во цврст снег. Измешајте ги издвоените жолчки со масло, вода, брашно и прашок за печиво.

Измешајте ги двете смеси со лажица.

Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 20 минути.

Во 900 милилитри вода додајте шеќер и оставете ја да зоврие, па додајте ги ситно сечканите јаболка и загревајте дваесеттина минути.

Измешајте го остатокот од водата со 2 пудинга и додајте го ја во водата со јаболката, па продолжете да загревате околу 3 минути и врелата смеса истурете ја врз корите.

Кога ќе се излади колачот, изматете слатка павлака и шлаг и премачкајте го. Оставете го колачот да отстои пред да го послужите.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.