Јапонскиот чизкејк од само 3 состојки е вистинско чудо: Воздушест и мек десерт што ќе го обожавате! (ВИДЕО)

Совршенство од вкусови

Чизкејк е омилениот десерт на многу луѓе ширум светот, а ние ви предлагаме уште една негова интересна верзија

Чизкејк е десерт што го обожаваат милиони, но не е лесно да се приготви и неговата подготовка бара многу време. Меѓутоа, постои јапонска верзија што се приготвува од само три состојки и минимално вложување труд и време.

Состојки:
  • 3 јајца
  • 120 г чоколадо
  • 120 г крем-сирење
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Стопете го чоколадото на пареа и додајте крем-сирење, па промешајте. Потоа, тргнете ја смесата од пареа и додајте три жолчки.

Белките изматете ги во цврст снег, па една третина од нив додајте во смесата од чоколадо и сирење. Внимателно и нежно промешајте, па повторно додајте една третина и повторете. Истото направете го и со остатокот од белките.

Калап за печење торта обложете го со хартија за печење и сипете ја смесата во него. Потчукнете го калапот од масата неколку пати за да ги избиете меурчињата воздух од смесата, а потоа ставете го во длабок плех за печење во кој сте сипале топла вода.

Печете ја на 170 степени околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 160 степени и печете уште 15 минути.

Кога колачот ќе биде готов, исклучете ја рерната, но оставете го колачот внатре уште 15 минути.

Потоа извадете го, оставете го да се олади и послужете го!

Погледнете ја подготовката:

Рецепт на денот: Чизкејк со капини
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.