Јадење што го обожававме во 1980-те години: Совршен десерт за сите генерации!

Добрите стари времиња

Евтин, кремаст десерт што го обожаваат сите од 5 до 95 години

Станува збор за сутлијашот. Тоа е десерт што им се дава на децата без грижа на совест. Десерт што со задоволство го јадевме во градинка, а ќе го обожаваме до крајот на животот.

Состојки:
  • 1 л млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 8 лажици ориз
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажиче цимет
Приготвување:

Ставете го оризот во зовриена вода (онолку вода колку да го покрие оризот) и варете го на силен оган околу десет минути за да испари водата. Внимателно исцедете го вишокот вода. Во зовриено млеко додајте шеќер и ванилин шеќер, па промешајте. Потоа, додајте го оризот и варете го мешајќи, околу 10 минути. Кога ќе се олади, послужете го во чинии. По желба, додајте цимет или црно чоколадо.

Десерт од нашето детство: Кремаст, млечен и божествен сутлијаш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.