Гриз-алва со суво грозје

Брзо, лесно и вкусно!

За приготвување на овој вкусен десерт ви се потребни 20-тина минути. Добар апетит!

СОСТОЈКИ:

250 г гриз
150 мл масло
400 мл вода
250 г шеќер
1 ванилин шеќер
100 г суво грозје

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Во тенџере на оган го ставаме маслото да се загрее. Го додаваме гризот и го запржуваме додека зарумени.

2. Го тргаме од оган и го додаваме шербетот (водата, шеќерот и ванилиниот шеќер) изладен, промешуваме и го враќаме на оган да зоврие.

3. Кога гризот ќе почне да се одделува од тенџерето, го додаваме сувото грозје и промешуваме.

4. Гризот го ставаме во тркалезен сад и оставаме да се излади. Потоа го ставаме во чинија за сервирање.

5. Одозгора се ставаат и сечкани ореви или друго јаткасто овошје.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.