Грчки десерт: Врвна лисната слатка пита со крем од гриз и ванила!

Мора да пробате!

Фото: Тристан Балм

Целото семејство ќе ужива во феноменалниот десерт

Состојки:
  • 2 пакување кора за пита
  • 150 г растопен путер

За филот:

  • 1 л свежо млеко
  • 200 г гриз
  • 200 г шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 2 супени лажици путер

За наросување:

  • цимет
  • шеќер во прав
Приготвување:

Сипете млеко и шеќер во тенџере. Ставете го да се загрева на умерена температура, мешајте одвреме-навреме. Кога смесата доволно ќе се загрее, додајте сол, ванила и гриз. Мешајте додека кремот згусне. Потоа тргнете го тенџерето од оган, додајте путер и мешајте додека потполно не се растопи. Оставете го кремот да се олади.

Премачкајте правоаголен плех со путер. Ставете 9 кори, посипете ги со растопен путер. Немој да се плашите ако се поголеми од плехот и ѕиркаат надвор. На врвот сипете фил и добро распоредете. Свиткајте ги рабовите на корите кон навнатре врз кремот.

Покријте со останатите кори (повторно мачкајте растопен путер помеѓу секоја). Ако ви остане путер, сипете го озгора. Кога ќе ја редите пита, немојте да ги притискате корите, така подобро ќе нараснат, а листовите ќе се отворат.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 30-35 минути или додека добие златна боја. Откако ќе ја извадите од рерна, завиткајте ја питата во крпа за да се попари малку. Потоа оставете ја да се олади. Наросете ја со цимет и шеќер во прав и уживајте во одличниот вкус.

Фотографија: Тристан Балм (tristanbalme.com)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.