Готови за 20 минути: Неодоливи кремпити што веднаш ќе ги изедете!

Нема да ви биде доста од овој десерт!

За да уживате во овој популарен десерт, не мора да одите до слаткарница, туку може да го приготвите и дома

Љубителите на кремавите колачи, ќе се согласат дека кремпитите се најубавиот десерт!

Потребни состојки:
  • 1,3 литри млеко
  • 1 путер
  • 6 лажици остро брашно
  • 6 јајца
  • 10 лажици шеќер (бел или кафеав)
  • 2 пудинга од ванила
  • 2 кори за крем-пити

Приготвување:
  • Одвојте ги жолчките од белките и изматете снег од белките.
  • Половина од млекото ставете го во сад и во него додајте жолчки, шеќер, брашно и пудинг, па сето тоа добро изматете го додека не добиете изедначена смеса без грутки.
  • Другата половина од млекото ставете ја во лонец и додајте путер.
  • Загревајте додека не зоврие млекото, па потоа внимателно прелијте ја првата смеса во втората (во млекото и путерот) и мешајте додека сето тоа не згусне.
  • Загревајте ја смесата 5 минути, па тргнете ја од оган.
  • Потоа, во лонецот додајте и изматени белки, па со миксер, на најниска температура мешајте го сето тоа додека не се соедини смесата.
  • Оставете ја да се излади малку.
  • Ставете ја првата кора во длабока тепсија, па на неа прелијте ја смесата и израмнете ја со лажица.

Совет:

  • За да си го олесните сечкањето на горната кора, прво исечкајте ја на коцки, па наредете ги коцките врз крем-питите.
  • Ако сакате кремпити со шлаг, изматете шлаг од 4 децилитри слатка павлака, па прелијте ја врз кремот пред да ја ставите горната кора.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.