Фантастичен рецепт на Мартина Илова (@_somethingsmellsgood_)
Ви предлагаме рецепт за лепче од кое целиот дом ќе ви замириса на есен, цимет и тиква. Здраво и многу вкусно, ова јадење го позајмивме од инстаграм-профилот на Мартина Илова – _somethingsmellsgood_.
Состојки:
- 250 г овесно брашно
- 100 г пире од тиква
- 100 г растопен путер
- 40 г чоколадни капки
- екстракт од ванила
- 2 јајца
- 50 мл овесно млеко
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче цимет
- 1/4 лажиче сол
- 4 лажици ливадски мед
- 2 лажици мед со цимет
Приготвување:
1. Соединете ги сите состојки во сад.
2. Префрлете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и додајте ги чоколадните капки.
3. Печете околу 40 минути на 170 степени Целзиусови.
Погледнете ги деталните упатства во видеото во продолжение…
View this post on Instagram
ФОТО: ИНСТАГРАМ