Ерменски полнети топчиња: Брзи посни колачиња на кои нема да можете да им одолеете!

Слатки бомбици

ФОТО: Profimedia

Одличен десерт што заслужува место на вашата свечена трпеза

Состојки:
  • 1 шолја вода
  • 1 шолја масло
  • прстофат сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 3 шолји брашно
  • шеќер во прав за валање

За филот:

  • Ореви
  • локум
  • малку цимет
Приготвување:

Сипете масло и вода во тенџере. Нека провријат, па тргнете ги од оган.

Додајте прашок за печиво и сол, промешајте и додајте брашно. Мешајте брзо, додека тестото не престане да се лепи за тенџерето.

Кога ќе се излади, направете мали топчиња, така што во секое ќе ставите орев и парче локум, претходно извалани во цимет.

Обложете ја тепсијата со хартија за печење и наредете ги колачињата. Печете ги околу 25 минути на 180 степени или додека не добијат златеникава боја. Штом ги извадите од рерна, извалајте ги во шеќер во прав.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.