Пригответе меки американски палачинки со овој едноставен рецепт
Американските палачинки се повоздушеста, подебела и помека варијанта од класичните тенки палачинки. Совршени се за појадок, вечера или десерт, со јаворов сируп, мед, овошје или чоколаден крем.
Состојки:
- 200 г меко брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 2 лажици шеќер
- прстофат сол
- 1 јајце
- 250 мл млеко
- 2 лажици масло или стопен путер
Приготвување:
Во една чинија измешајте брашно, прашок за печиво, шеќер и сол.
Во друга чинија изматете јајце, млеко и масло (или стопен путер).
Сипете ги течните состојки во сувите и кратко промешајте додека добиете изедначена смеса. Немојте премногу да мешате – неколку ситни грутки се сосема во ред.
Загрејте тавче на умерена температура и внимателно премачкајте го со масло или путер.
Сипете околу ¼ лажица смеса на средина од тавчето. Палачинката сама ќе се рашири во круг.
Печете додека на површината се појават меурчиња кои ќе почнат да пукаат, 2-3 минути.
Свртете ја палачинката и печете уште 1-2 минути, додека добие златнокафена боја.
Готовите палачинки редете ги една врз друга за да останат топли и меки.
Предлози за послужување
Послужете ги со:
- јаворов сируп
- мед
- чоколаден крем
- свежи јагоди, боровинки или банана
- путер и цимет
- шлаг
Совет:
За уште повоздушести палачинки, оставете ја смесата да отстои 5-10 минути пред печењето.