Домашно сорбе од јагоди: Најосвежителниот летен десерт од само 4 состојки

Фантастичен десерт

Уживајте во лесното сорбе од јагоди, идеално за топлите летни денови

Сорбе е освежителен, лесен леден десерт без млеко и јајца, совршен за жешките летни денови.

Состојки:
  • 300 г свежи јагоди
  • 100 мл вода
  • 100 г шеќер
  • сок од пола лимон

По желба:

  • неколку ливчиња нане за послужување
  • свежи јагоди за декорација
Приготвување:

Во помало тенџере загрејте вода и шеќер. Кога смесата ќе зоврие, загревајте уште околу 2 минути со повремено мешање. Тргнете ја од оган и оставете ја целосно да се олади.

Измијте ги јагодите, исчистете ги и изблендирајте ги во мазно пире. Во оладениот шеќерен сируп додајте пире од јагоди и сок од лимон. Добро мешајте додека се соединат сите состојки.

Префрлете ја смесата во плиток сад, погоден за замрзнувач и ставете го во замрзнувач.

По првиот час, извадете го садот и со виљушка или миксер, добро иситнете ја замрзнатата смеса. Вратете ја во замрзнувач. Повторувајте ја постапката на секој час уште 3-4 пати, за да добиете мазна и кремлива текстура.

Кога сорбето ќе биде потполно замрзнато и кремливо, оставете го 5-10 минути на собна температура пред да го послужите во разладени чаши или чиничиња. Украсете со свежи јагоди и ливчиња нане.

Совети
  • За поздрава верзија, шеќерот можете да го замените со мед или стевија.
  • На истиот начин можете да приготвите сорбе од малини, манго, боровинки или мешано шумско овошје.
  • Ако сакате особено мазна текстура, пред да го замрзнете, процедете го пирето од јагоди низ ситно сито за да ги отстраните семките.

ФОТО: Freepik

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе