Домашни слатки штангли: Лесно, здраво и вкусно – и децата ќе го обожаваат овој неодолив десерт!

Слатко и здраво!

Домашните штангли од јаткасти плодови и брусница неверојатно лесно се приготвуваат, многу се здрави, неодоливо вкусни, а ќе бидат совршена ужина, како за вас, така и за вашите деца

Состојки:
  • 100 г сончогледови семки
  • 100 г семки од тиква
  • 50 г сушена брусница
  • 50 г сечкани лешници
  • 50 г бадеми
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 2 супени лажици чипс од кокос или мелен кокос
  • 50 г путер
  • 2-3 лажици топено кокосово масло
Приготвување:

Најпрво измешајте ги сите суви состојки, а потоа во тенџере стопете ги путерот и маслото. Измешајте ги состојките со стопениот путер и масло. Доколку е премногу масно од путерот и кокосовото масло, додајте уште малку овесни снегулки. Доколку, пак, смесата изгледа премногу суво, додајте уште путер или кокосово масло, по проценка.

Приготвената смеса ставете ја во плех обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја и притиснете ја во плехот. Така приготвената смеса оставете ја во фрижидер да се зацврсти и кога ќе биде готова, пресечете ја на штангли. Добар апетит!

Пробајте ги најсочните слатки залчиња: Штангли со јаболка
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.