Домашен и традиционален вкус: Ваниличките на баба

Целиот дом ќе ви замириса на ванилички

Приготвувањето на овие ванилички ќе ви одземе само 30 минути, а вкусот ќе ве врати во детството

Состојки:

За тестото:

  • 250 г брашно
  • 125 г маст
  • 3 рамни лажици милерам
  • 1 жолчка
  • 60 г шеќер во прав
  • 1 лажица лимонов сок
  • рендана кора од 1 лимон

Друго:

  • 300 г џем
  • 50 г шеќер во прав

Приготвување:

1. Се мати пенесто маста со шеќерот во прав и со жолчката.

2. Се додаваат милерамот, сокот и ренданата кора од лимон. Потоа постепено се додава брашното и се меси со рака додека се добие мазно тесто.

3. Измесеното тесто се става во проѕирна фолија и се остава да отстои 30 минути во фрижидер.

4. Потоа тестото се става на набрашнета работна масичка. Се сучи со сукало во дебелина од 5 мм, па со калап во облик на цвет се обликуваат ванилички.

5. Се редат во плех обложен со хартија за печење, па од средишниот дел на половина од ваниличките се издлабува малечок круг. Се печат во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 15 минути.

6. На половината ванилички што не се издлабени, во средината се става по едно лажиче џем и се преклопуваат со издлабените ванилички. На крајот се посипуваат со шеќер во прав и се ставаат во метален сад со капак.

Побарајте уште вакви вкусни десерти во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.