Десерт што освојува на прво залче: Ванилин колач со вишни

Вкусно!

Овој десерт е вистинско уживање

Состојки:

За кората:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици топла вода
  • 4 рамни лажици бело брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 лажиче цимет
  • 60 г мелени лешници
  • 1 прашок за печиво

За филот од вишни:

  • 300 мл вода
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пудинг од јагода
  • 300 г исчистени вишни
  • 5 г желатин

За филот од ванила:

  • 400 мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 ванили
  • 5 лажици шеќер
  • 400 мл милерам
  • 5 г желатин

За глазурата:

  • 100 г чоколадо
  • 3 лажици масло

Приготвување:

1. За приготвување на кората белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврста пена, постепено додавајќи шеќер.

2. Потоа се додаваат една по една жолчките и се долева вода во тенок млаз, непрекинато матејќи со миксер.

3. Посебно се соединуваат белото брашно, какаото, циметот, прашокот за печиво и мелените лешници, па се додаваат во смесата од јајца.

4. Пекачот се обложува со хартија за печење и во неа се истура смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200°Ц околу 15 минути.

5. За приготвување на филот од вишни се варат 250 мл вода со шеќер.

6. Посебно се миксираат вишните со 50 мл вода, па се соединуваат со пудингот од јагода. Смесата се додава во зовриена вода и се вари, со непрекинато мешање додека се згусне. Се додава набабрениот желатин и се меша додека се растопи.

7. Филот се прелева преку кората и се остава да се стегне.

8. За приготвување на филот од ванила се варат 300 мл млеко со шеќер. Во остатокот од млекото се мати пудингот од ванила, па се додава во зовриеното млеко и се вари додека се згусне.

9. Се додава набабрениот желатин во ванилинот колач со вишни и се меша додека се растопи. Во топлиот фил се додава и милерамот. Филот од ванила се прелева преку изладениот фил од вишни.

10. Преку изладениот фил од ванила се разлева чоколадна глазура.

Извор: Добра храна

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време