Десерт што изобилува со вкусови: Пригответе колач со афион и бисквити

Одличен десерт

Пробајте го овој колач уште денес

Состојки:

За кората:

  • 8 белки
  • 250 г шеќер
  • 100 г немелен афион
  • 100 г кокос
  • 2 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • прашок за печиво

За филот:

  • 2 пудинга со вкус на ванила
  • 600 мл млеко
  • 8 жолчки
  • 200 г шеќер
  • 250 г маргарин

За декорација:

  • 200 г бисквити
  • 150 мл млеко

За глазура:

  • 80 г маргарин
  • 80 г шеќер
  • 20 г какао
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици густин

Приготвување:

1. Прво се приготвува кората. Белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Се додаваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, кокосот, макот и прашокот за печиво.

2. Плех со димензии 26 х 40 см се обложува со хартија за печење, па во него се додава приготвената смеса. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, десетина минути.

3. За приготвување на филот, во тенџере се става 400 мл млеко и се остава да зоврие. Во преостанатото млеко се матат жолчките, пудингот и шеќерот, па се ставаат во зовриеното млеко и се вари понатаму, со непрекинато мешање, додека се згусне. Маргаринот се мати пенесто и додава во оладениот фил.

4. Оладената кора се премачкува со филот. Бисквитите се натопуваат во млеко, па се распоредуваат преку филот.

5. За приготвување на глазурата, во тенџере се мешаат маргаринот, шеќерот, какаото, млекото и густинот, па се загрева на умерена температура, додека се стопат состојките, водејќи сметка да не зоврие смесата. Потоа се прелева колачот.

Извор: Добра храна

Слаткарски трикови: Научете како да го приготвувате францускиот класик – саварин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.