Десерт што го обожаваат и најмалите и најстарите: Пробајте ги овие чајни чупавци!

Ќе се засладите!

Највкусните чупавци што сте ги пробале досега!

Состојки:

За кората:

  • 1 кг чајни колачиња

За филот:

  • 500 мл млеко
  • 2 пудинга со вкус на кокос
  • 9 лажици шеќер
  • 150 г маргарин

За преливот:

  • 200 мл млеко
  • 10 г ванилин шеќер
  • 150 г кокос

Приготвување:

1. За приготвување на филот,во тенџере се става 400 мл млеко и се остава да зоврие. Во преостанатото млеко се матат пудинзите и шеќерот, па се ставаат во зовриеното млеко и понатаму се вари со непрекинато мешање, додека се згусне. Се трга од огнот, се прекрива и се остава настрана да се олади.

2. Маргаринот на собна температура се мати пенесто, па се соединува со оладениот фил.

3. Во сад се мешаат млекото и ванилиниот шеќер. Чајните колачиња се натопуваат во приготвената мешавина, па на едно се нанесува една лажица од филот и се спојува со друго. Потоа се валаат во кокос. На истиот начин се полнат преостанатите колачиња. Се оставаат на ладно да се зацврстат.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.