Десерт од нашето детство: Кремаст, млечен и божествен сутлијаш!

Мирис и вкус на детство!

Рецепт за брз десерт кој ќе ве распамети

Сутлијашот треба да се вари на тивок оган и повремено да се проверува дали се впило млекото. Во млекото можете да додадете стапче ванила, цимет, рум, кафе, па дури и стопено чоколадо, а дополнително можете да вмешате суво овошје, оревчиња, џем, овошни преливи.

Состојки:
  • 100 г ориз
  • 750 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • прстофат сол
Приготвување:
  • Варете го оризот во вода три минути, а потоа исцедете ја.
  • Во млекото додајте прстофат сол, ставете го да зоврие, а потоа додајте го оризот.
  • Варете на тивок оган додека оризот го впие млекото и немојте да мешате.
  • Во варениот ориз додајте шеќер и внимателно промешајте го со виљушка за да останат зрната цели.

Брз колач од јаболка: Не сте пробале посочен десерт, а ќе извалкате само еден сад!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.