Десерт на денот: Чоколаден чизкејк

Одлична комбинација!

ФОТО: @taste.com

Превкусен колач што се приготвува за 20-тина минути

Сирењето и чоколадото се одлична комбинација за десерт што може да го приготвите во форма на торта за свечени прилики или кога едноставно сакате да ги почестите вашите сетила со вкусен колач.

Ви предлагаме рецепт за превкусен колач што се приготвува за 20-тина минути, а што е најдобро од се’, ништо не се пече!

Состојки:

За подлогата

  • 150 грама бисквити
  • 100 грама путер
  • 2 лажици какао

За филот

  • 300 грама чоколадо за готвење
  • 500 грама сирење маскарпоне
  • 200 грама шеќер во прав
  • 250 милилитри пена за шлаг
Приготвување:

Издробете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер. Обложете калап за печење торти со хартија, па на него нанесете ја подлогата од бисквити и путер. Бисквитите можете да ги иситните и во блендер или да ги ставите во кесичка, па да ги истолчите со сукало за тесто додека не добиете прав.

Со миксер изматете шлаг, додајте маскарпоне, шеќер во прав и стопено млако чоколадо (внимавајте да не биде врело). Добро измешајте додека не добиете убава смеса, па прелејте ја врз подлогата од бисквити.

Оставете ја вака приготвената торта од сирење во фрижидер неколку часа за да се зацврсти.

Од чоколадото можете да направите и глазура и да ја прелеете врз тортата, а вкусните парчиња да ги послужите декорирани со омиленото сезонско овошје.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.