Чоколадно суфле

За врвно задоволство

Вистински рецепт за љубителите на полниот вкус на чоколадо.

Потребно е: 400 г чоколадо за готвење, 215 г путер, 100 г жолт шеќер, 200 г брашно тип 400, 3 дл неутрална павлака, 7 јајца, 200 г печени бадеми

Приготвување: чоколадото, путерот и жолтиот шеќер се топат на пареа. Добро се матат со жица или со миксер, а потоа се остава смесата да се излади. Во друго тенџере, исто така на пареа, се варат неутралната павлака, јајцата, брашното и печените бадеми (мелени). Добро се мати и се остава во фрижидер.

Кога и двете смеси ќе се изладат, се соединуваат во една смеса и малку се промешува (3-4 мин.) во правец на стрелките на часовникот. Повторно се враќа во фрижидер, а потоа се истура во калапи или во керамички садови за суфле.

Најдобро е суфлето да се пече седум-осум минути на 190 степени. Тоа е сосема доволно да се создаде фина коричка, а средината да остане мека. Ако се пече подолго, суфлето се претвора во мафин. Суфлето се сервира со топка сладолед од ванила.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.