Чоколадни коцки со портокал: Еднаш кога ќе ги пробате, ќе станат вашиот омилен десерт!

Неодоливо кремасти и чоколадни

Комбинацијата од два сочни фила, свеж сок од портокал и крцкава чоколадна кора е едноставно неодолива!

Состојки:

За кората:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици масло
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво

За чоколадниот фил:

  • 250 мл слатка павлака + 150 мл
  • 250 г чоколадо
  • 50 мл сок од портокал

За вториот фил:

  • 250 г крем-сирење
  • 100 мл слатка павлака
  • 100 мл сок од портокал (цеден)
Приготвување:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете ги белките со шеќерот, па додајте ги жолчките. Додајте масло во млаз со матење. На крај, додајте брашно, какао и прашок за печиво, па сето тоа соединете го со лажица.

Префрлете ја смесата во обложен плех со димензии 30х20 см и ставете ја да се пече околу 20 минути.

Оладете го печениот бисквит. Додека кората се пече, загрејте 250 мл слатка павлака до точка на вриење, но да не зоврие.

Додајте издробено чоколадо и мешајте 2-3 минути за потполно да се соедини смесата. Оставете го да се лади, па млакиот фил ставете го во фрижидер за да се зацврсти целосно. Изматете ја слатката павлака да биде цврста, по желба додајте шеќер во прав. Потоа, додајте сирење и повторно изматете.

На крај, додајте сок од портокал, не повеќе од 100 мл за да не биде премек. Извадете го оладениот фил од фрижидер, па изматете го. Изматете 150 мл слатка павлака и во неа додајте фил од чоколадо. Додајте и портокал, но внимавајте да не излезе ретко. Не претерувајте со сокот.

Кората дополнително испрскајте ја со сок од портокал, ставете половина од чоколадниот крем, целиот бел крем и одозгора чоколаден крем. Прелејте со глазура по желба или ставете шлаг или шлаг-крем од чоколадо.

Оставете го колачот неколку часа да отстои, па послужете.

Старински колач со вишни: Незаборавен вкус кој веднаш ќе ве врати во детството!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време