Чоколаден колач од само пет состојки подготвен за миг, а неговиот вкус е божествен!

Овој чоколаден колач се подготвува без никакви проблеми, а за него се потребни само пет состојки, но не грижете се, има одличен вкус.

Потребни состојки:

  • 200 гр чоколадо со минимум 65% какао
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр путер + 25 гр за калапот
  • 4 јајца
  • 50 гр брашно
  • малку сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°С. Скршете го чоколадото на мали парчиња и стопете го на пареа над тенџере со топла вода, но бидете сигурни дека садот во кој ќе го стопите не ја допира водата. Додадете малку сол за да го направите чоколадниот вкус поинтензивен.

Изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата не стане пенлива, бледа и двојно поголема. Додадете го растопеното чоколадо и измешајте.

Потоа додадете го просеаното брашно во смесата, прво третина, а потоа нежно промешајте го остатокот.

Истурете ја смесата во намастен калап и печете 12-15 минути.

По печењето, оставете го колачот во калап да се излади и потоа послужете го по желба со свежо сезонско овошје, сладолед или шлаг сладок крем.

Прочитајте и: 3 едноставни и вкусни јадења од коприва што ќе сакате да научите како да ги подготвувате

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.