Чоколаден колач од 3 богати слоеви: Неверојатно сочно и кремливо уживање од кое ќе ви застане паметот! (ВИДЕО)

Рај за непцата

Овој десерт освојува на прво залаче

Љубителите на чоколадните десерти ќе се воодушеват, бидејќи овој рецепт е подобар и од сладолед! Три слоја чоколадо, толку е кремливо што се топи во уста. Лесно се приготвува, не се пече, а одличен е во периодите кога надвор е многу топло. Заборавете на печењето кори – десертите што се приготвуваат од филови веднаш ќе ве освојат.

Состојки:

За првиот слој:

  • 500 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 2 лажици незасладено какао
  • 50 г млечно чоколадо 1 лажица путер

За вториот слој:

  • 500 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 50 г бело чоколадо
  • 2 лажици брашно
  • ванилин шеќер 1 лажица путер

За третиот слој:

  • 100 мл варено млеко
  • 150 г црно чоколадо
  • 1 лажица путер
Приготвување:
  • Во млекото додајте шеќер, брашно, скроб и какао, па промешајте. Варете го додека се згусне, со постојано мешање, па додајте чоколадо.
  • Загревајте го додека се стопи и се соедини со преостанатите состојки.
  • Додајте путер и продолжете да мешате.
  • Сипете го во сад и оставете го во фрижидер или во замрзнувач за да се стегне.
  • Измешајте млеко, шеќер, скроб, брашно и загревајте со постојано мешање.
  • Додајте бело чоколадо и загревајте додека се соедини сето тоа, па ставете путер.
  • Загревајте со постојано мешање, додека сето тоа се стопи.
  • Сипете го преку првиот слој и вратете го во фрижидер еден час.
  • Во зовриено млеко додајте чоколадо и мешајте додека се стопи, па додајте путер и соединете го сето тоа.
  • Прелејте го преку вториот слој и вратете го во фрижидер половина час.

Подеталните упатства за приготвување на овој десерт, погледнете ги во следново видео…

Вака се приготвува најубавиот леден десерт: Сладолед-сендвич по италијански рецепт што воодушевува! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.