Чоколаден колач без брашно од само 4 состојки

Малку поздрава верзија на задоволството што ќе го обожаваат сите љубители на чоколадото!

За да ја направите оваа поздрава верзија на колач, набавете квалитетен путер од кикирики и темно чоколадо. Останатата работа ќе ја заврши блендерот! Совет плус: Ако апаратот е послаб и имате проблем со мелење овес каша, додадете малку вода.

Состојки:

  • 700 гр банани
  • 180 гр овес
  • 250 гр путер од кикирики
  • 180 гр (темно) чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Премачкајте долгнавеста тава за леб  со масло и обложете ја со хартија за печење.

Ставете банани, овес и путер од кикирики во блендер и измешајте ги во мазна смеса. Додадете поголем дел од чоколадото и промешајте. Истурете го тестото во калапот. Одозгора наредете тенки парчиња банана и остатокот од чоколадото.

Печете 25 до 30 минути, додека чепкалката со која ја прободевте средината да излезе чиста.

Прочитајте и: Џин-тоник со јагоди: Рецепт за освежителна летна верзија на вашиот омилен пијалак

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.