Чајни колачиња полнети со пудинг од јагода

Наташа Ничовска од Скопје ни го испрати овој рецепт

Овие вкусни колачиња многу освежуваат, не се многу слатки, а јагодите ги прават сочни. Идеален рецепт за топлите летни денови, бидејќи не бара печење и не мора да ја вклучувате рерната.

Потребни состојки:

700 г чајни колачиња, 1 л млеко, 5 лажици шеќер, 2 пудинга од јагода, половина коцка путер, 500 г свежи јагоди, 100 г кокосово брашно

Приготвување:

На оган се ставаат 500 мл млеко со 5 лажици шеќер и половина коцка путер. Откако ќе се растопи шеќерот, се додава пудингот од јагода, претходно разматен во ладно млеко.

Откако ќе се свари пудингот во густ крем, тенџерето се трга настрана и во пудингот се додаваат сечкани јагоди.

Остатокот од млекото малку се загрева на оган, па се трга и во него се потопуваат чајните колачиња.

Колачињата се лепат едно со друго, а меѓу нив се става лачиже од пудингот од јагода. Потоа се валаат во кокос и се декорираат со свежи сечкани јагоди.

Рецепт на Наташа Ничовска

Текст и фото: ПР

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.