Брзо и лесно: Сочна торта со ананас

Испробајте

Пролетна торта со ананас, одлична за освежување, брза и лесна за приготвување.

Состојки: 

  • 500 мл слатка павлака
  • 540 г кисела павлака со 20% мм (3 чаши)
  • 15 лажици шеќер
  • 1 кесичка желатин
  • 1 конзерва ананас
  • 5 кутии бисквити

Приготвување:

Желатинот прелијте го со 50 мл студена вода и оставете го да набабри.

Слатката павлака изматете ја во шлаг. Киселата павлака измешајте ја со шеќерот. Мешајте со нежни движења со лажица, не со миксер. Измешајте ги слатката и киселата павлака, повторно со нежни движења за да избегнете премногу разредување.

Растопете го желатинот за да стане течен. Направете го тоа така што во еден сад ќе ставите врела вода и над него ќе го ставите садот со желатин и мешајте. Исто така, може да го растопите во микробранова печка. Додадете го стопениот желатин во смесата со павлака и добро измешајте.

Прочитајте и: Тестото секогаш ќе ви излегува совршено: Ова е најдобрата замена за квасец!

Кога смесата ќе се комбинира, додадете го исецканиот ананас, и уште еднаш, нежно промешајте.

Бисквитите можете да ги впиете во сок од ананас за уште подобар вкус, па наредете еден ред бисквити, еден ред фил. Готовата торта декорирајте ја по желба, а потоа оставете ја во фрижидер добро да се олади пред да сервирате.

Исто така, можете да ја замрзнете во замрзнувачот и да ја јадете како сладолед. И двете варијанти се превкусни!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.