Брзо и лесно: Колач со џем

Испробајте

Лесен рецепт за вкусен колач со џем.

Состојки (мерка на чаша од 200 мл): 

  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1,5 чаша брашно
  • 1 чаша сончогледово масло
  • 1 чаша џем по избор
  • 1 чаша јогурт (или млеко ако немате јогурт при рака)
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин-шеќер

Приготвување:

Одделете ги белките и жолчките и измешајте ги жолчките со шеќерот и ванилин-шеќер. Додадете масло и јогурт, а потоа по неколку минути мешање и брашното заедно со прашокот за пециво, и на крај џемот. Белките од јајца изматете ги па додадете ги во смесата, нежно измешајте. Ставете ја мешавината во тава за печење со средна големина, обложена со хартија за печење и испечете ја во рерна на 180ºC за 20 до 25 минути.

Колачот е готов кога неговите рабови почнуваат нежно да се одвојуваат од ѕидовите (хартијата) и кога има златна површина. На топлиот колач ставете шеќер во прав.

Прочитајте и: Кајгана со мелено месо

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.