Брза торта: Ви требаат само три состојки, а вкусот е феноменален

Рецепт

Торта која е готова за само неколку минути

Доколку сакате да подготвите нешто слатко, а немате многу време, ова е идеалниот рецепт за вас. Колачот е готов за само пет минути, а најтешкиот дел е да се чека да се стврдне во фрижидер.

Потребни ви се три состојки кои скоро сите ги имаме во домот и малку време. Идеално решение е и доколку ви доаѓаат гости и сакате да подготвите нешто „набрзина“.

Состојки:

снегулки во форма на крцкави чоколадни топчиња

180 гр путер

260 гр кондензирано млеко

Подготовка:

Во сад измешајте ги путерот (претходно загреан на собна температура) и кондензираното млеко. Матете додека не добиете еднолична смеса.

Додадете ги крцкавите топчиња и убаво измешајте.

Добиената смеса истурете ја во калапот и обликувајте ја. По желба украсете со истите чоколадни топчиња кои ги користевте за смесата и ставете во фрижидер 2 часа да се стегнат.

Целата процедура погледнете ја во видеото подолу:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.