Брза посна штрудла: Пригответе го најмекото тесто без млеко и јајца, а тајната е во филот

Пробајте!

Оние што ја пробале оваа посна штрудла велат дека 100 пати подобра од мрсната

Во тек е велигденскиот пост, па оние што сакаат да се засладат може да приготват посна штрудла…

Состојки:

За филот:

  • 300 мл чај од јагоди
  • 400 г мелен мак
  • 150-200 г шеќер
  • 4 лажици џем
  • 100 г суво грозје
  • 150 г мелени ореви
  • по потреба додајте уште 50-100 мл чај или стопен посен маргарин
  • смесата мора да биде мазна, а моќта за впивање зависи од макот

За тестото:

  • 500 г брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 15 г квасец
  • 1 прашок за печиво
  • 125 г посен маргарин + 50 г за премачкување
  • 200 мл вода (до 250 мл)
  • кора од 1 лимон
  • прстофат сол
Приготвување:

Сварете чај од јагоди во 300 мл вода. Измешајте мак, шеќер, џем, покиснато суво грозје, мелени ореви, а потоа во таа смеса ставете го и сварениот чај. Додајте стопен маргарин и сето тоа убаво измешајте го. Така ќе ја добиете смесата за премачкување на штрудлата.

Пригответе тесто од млака вода, шеќер, квасец, рендана кора од лимон, брашно, прашок за печиво и маргарин.

Замесете тесто, расучете го и филувајте го. Завиткајте го и печете го во рерна на 180 степени Целзиусови околу половина час до 45 минути.

Кој е за домашна бајадера?: Направете посен колач според оригинален рецепт
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.