Брза, непечена зебра-торта: Целата е од крем, има атрактивен изглед и неодолив вкус!

Совршен десерт

Се приготвува брзо и едноставно, сите ќе ви бараат рецепт

Кога надвор е топло како овој период, не морате да ја вклучувате рерната повеќе од потребното, туку треба да се потпрете на едноставни, брзи а вкусни рецепти.

Токму таков е овој рецепт!

Брзата, непечена зебра-торта е токму она што ви треба летово. Совршено кремаста и со неодолив вкус, таа е феноменален избор за секој ден, а поради атрактивниот изглед, одлична е и за посвечени пригоди.

Состојки:
  • 180 г чоколадни бисквити
  • 70 г путер
  • 1 лажица млеко
  • 30 г желатин
  • 150 мл млеко
  • 400 г павлака
  • 300 г кондензирано млеко
  • 200 мл течен шлаг или слатка павлака
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 30 г какао во прав
Приготвување:

Растворете го желатинот според упатството, додајте 150 мл млеко и оставете го да отстои малку.

Бисквитите сомелете ги во блендер, па додајте 70 г стопен путер и 1 лажица млеко. Иземашјте. Ставете ја смесата во обрач и направете кора. Ставете ја во фрижидер 10 минути.

Изматете 400 г павлака и кондензирано млеко. Посебно изматете 200 г слатка павлака или течен шлаг. Во желатинот додајте неколку лажици крем од кондензирано млеко, па сето тоа соединете го. Додајте го и изматениот шлаг.

Филот поделете го на два дела, па во едниот додајте ванилин шеќер, а во другиот какао. Нанесете неколку лажици црн фил на кората, па сипете неколку лажици бел крем на средината и така повторувајте наизменично додека го потрошите материјалот.

Ставете ја тортата да се лади, па отстранете го обрачот и послужете!

Зебра-палачинки чиј изглед, а и вкус, ќе ве воодушеви!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.