Брз колач од јаболка за кој ви е потребен само еден сад за готвење

Овој сочен бисквит со јаболка има неколку предности. Освен што е вкусен, се приготвува кратко не ви се потребни многу садови за готвење кои подоцна ќе мора да ги миете, а веројатно нема да имате ниту потреба да одите да ги купувате состојките потребни за готвење затоа што најверојатно веќе ги имате во вашиот дом.

Се’ што ви е потребно за овој колач се функционална рерна, еден сад, миксер, калап за торти и две слатки јаболки. По брзото миксирање треба само да ја уфрлите во рерната да причекате да се испече и олади.  Иако ќе биде вкусен и без посебни додатоци, ви предлагаме да го послужите со топка сладолед од ванила.

Состојки:

120 г брашно

1 лажица прашок за пециво

прстофат сол

120 г путер

150 г шеќер

2 големи јајца

1 лажица екстракт од ванила

3 лажици рум

2 слатки јаболки

Приготвување:

Излупете ги и исечкајте ги јаболките на коцки.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Kалапот за торта со дијаметар 24 сантиметри премачкајте го со масло, а дното покријте го со хартија за печење.

Путерот измиксирајте го со шеќерот па додајте едно по едно јајце. Додајте екстракт од ванила и рум, а потоа се заедно добро измешајте со миксерот.

Сувите сосотојки, брашното, прашокот за пециво и солта додадете ги во смесата и измешајте ги со дрвена лажица, а на крај додадете ги и јаболките.

Прелијте го калапот со смесата па на врвот додадете малку шеќер, отприлика една полна лажица.

Печете едно 40 минути. Оставете да се излади пред да го извадите од калапот.

Оладениот колач посипете го со шеќер во прав.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време