Брз и освежителен летен триаголник со многу овошје – готов за 20 минути, а исчезнува уште побрзо

Летен десерт без многу труд

Крцкави кори, кремаст фил и изобилство од сезонско овошје – совршен десерт за жешките денови.

Ако барате лесен летен колач што не бара многу време, овие овошни триаголници се одличен избор. Рецептот е инспириран од класичните овошни пити и се подготвува со готови кори, крем-сирење и свежо овошје.

Потребни состојки:

  • 1 пакување готови кори за пита
  • 250 г крем-сирење или маскарпоне
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 г јагоди
  • 150 г малини
  • 1 банана
  • 50 г растопен путер

Подготовка:

Измешајте ги крем-сирењето, шеќерот во прав и ванилата. На две преклопени кори премачкани со путер ставете малку од кремот, додајте ситно исечкани јагоди, малини и банана, па преклопувајте во форма на триаголник. Премачкајте со малку путер и печете на 190°C околу 18–20 минути, додека добијат златна боја.

Послужете ги изладени, по желба наросени со шеќер во прав или со топка сладолед од ванила.

триаголници – printskrin youtube

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе