Божествени вкусови: Израдувајте ги вашите домашни со полнет венец

За само еден час ќе имате вкусен десерт

Замесете меко и мирисливо слатко од тесто

Состојки:

За тестото

  • 20 г свеж квасец
  • 150 мл млеко
  • 350 г брашно
  • 50 г шеќер
  • 50 г путер
  • 1 жолчка

За кремот

  • 400 мл млеко
  • 80 г шеќер
  • 4 жолчки
  • 40 г густин
  • 50 г путер

Друго

  • 1 жолчка
  • 2 лажици масло
  • шеќер за посипување
Приготвување:

Крем

1. Прво пригответе го кремот. Во 300 мл млеко додајте шеќер и ставете го на шпорет да се загрева. Посебно за мешајте ги жолчките со густинот и 100 мл млеко.

2. Кога ќе почне да врие млекото, сипете го во садот со жолчките, брзо мешајте и сето тоа вратете го во лонецот, па ставете го на тивок оган да се свари и да се згусне кремот.

3. Во готовиот крем додајте го путерот исечкан на листови и мешајте додека се стопи целосно.

Тесто

1. Во топло млеко ставете лажица брашно, лажиче шеќер и издробениот квасец, промешајте и оставете да се запени.

2. Посебно помешајте 300 г брашно, истопениот путер, преостанатиот шеќер и жолчката, а потоа додајте го нараснатиот квасец. Замесете меко, мрсно тесто и, ако е потребно, додајте уште малку брашно. Оставете го во садот да нарасне.

3. Расучете го тестото во облик на правоаголник, премачкајте го со кремот и завиткајте го  во ролат. Спојте ги рабовите така што ќе добиете облик на венец.

4. Со остар нож засечете го венецот на неколку места и малку раширете ги засеците пред печењето. Помешајте жолчка со малку масло, премачкајте го со неа тестото, па целото посипете го со шеќер.

5. Печете го тестото 40 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови, а ако почне нагло да заруменува, покријте го со фолија и довршете го печењето. Печениот венец попрскајте го со млака вода, прекријте го со чиста крпа и оставете го да се олади.

Совет: Дебелината на тестото треба да биде околу половина сантиметар, никако потенко.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.