Босански гурабии со џем: Неодолив десерт со мирис на детството

Совршен вкус!

Вкусен десерт што бабите обожавале да го приготвуваат за внуците

Гурабиите се десерт што традиционално се приготвува во Турција, но и во Грција и Кипар. Најслични се со ванилиците, а ние ви носиме рецепт што се приготвува во Босна и што сигурно ќе ве освои.

Босанските гурабии со џем се приготвуваат со џем од јаболка или кајсија, во зависност од вкусот. Можете да ги украсите со ореви или коцка шеќер.

Состојки:
  • 500 г брашно
  • 250 г маргарин
  • 1 дл масло
  • 250 г шеќер
  • малку рендана кора од лимон
  • џем по желба
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
Приготвување:
  • Замесете тесто од брашното, маргаринот, маслото и шеќерот, па додајте кора од лимон и направете топчиња.
  • Во секое топче направете вдлабнатина и во неа ставете малку џем.
  • Испечете ги во подмачкан плех и наросете ги со ванилин шеќер.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.