Бомбици од две состојки чиј рецепт е постар од 6000 години: Ова е најздравиот десерт на светот

Лесен за подготовка, а многу вкусен

Фото: профимедиа

Само една бомбица дневно ќе ви ја даде потребната енергија, ќе ве засити и ќе ви го зачува здравјето.

Комбинацијата од мед и сусамово семе содржи дури 182 елементи за човековото здравје, ја чисти крвта и го зајакнува имунитетот. Големиот удел на антиоксиданси со кои тие изобилуваат го спречува развојот на рак и други тешки болести.

Затоа не нè чуди што тие се консумираат веќе со векови. Рецептот за овие бомбици е стар повеќе од 6000 години, се споменува дури и во “Илијадата” на Хомер. Познат е и како грчки појадок, иако потекнува од подрачјето на Грција, Египет и Блискиот исток.

Потребни состојки:

• 300 гр. мед

• 300 гр. паста од сусамово семе

Пастата се припрема од мелени и лесно пропржени семиња од сусам, со малку сусамово масло (на една шолја семиња ставете две лажички масло). Изблендирајте ги семињата во блендер додека не добиете хомогена смеса.

Начин на подготовка:

– Добро промешајте ги состојките и направете бомбици

-Извалкајте ги во сусамово семе и оставете ги неколку часа во фрижидер за да се стегнат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.